Неделен хороскоп од 27 ноември до 3 декември

Прочитајте го неделниот хороскоп од 27 ноември до 3 декември 2023 година и дознајте што ви кажуваат ѕвездите кога се во прашање љубовта, работата и здравјето.

ОВЕН

Неделниот хороскоп ви носи многу добри деловни можности. Почетокот на неделата е многу поволен за нови соработки, на крајот на неделата повлечете ја кочницата. Во спротивно, нема да можете да постигнете сè сами. На љубовно поле, слободните Овни запознаваат некого на вечерно излегување или на некој настан, додека на зафатените им треба повеќе внимание и мир. Обидете се да направите компромис со партнерот!

БИК

Се исфорсиравте во изминатиот период. Вашето тело бара повеќе одмор. Време е да поставите приоритети и доколку постои можност да организирате мини-патување на крајот на неделата. Партнерот ви е голема поддршка, не ги кријте вашите проблеми од него. Зафатените Бикови во средината на неделата запознаваат интересна личност од спротивниот пол. Проверете ја крвната слика!

БЛИЗНАЦИ

Почетокот на неделата е бурен, ќе имате многу работа, навреме организирајте ги приватните обврски. Обидете се да не им ветувате на луѓето работи што не можете да ги исполните. Во љубовта наидувате на несогласувања. Бидете свесни дека не сте сами во оваа врска. Договор куќа гради. Слободните Близнаци имаат повеќе опции. Изберете го оној кој најмногу ви се допаѓа.

РАК

Ќе имате полни раце работа оваа недела. Организирајте се навреме, распоредете ги обврските и наполнете се со позитивна енергија, ќе ви треба. Партнерот ви замерува што го запоставувате. Слободните Ракови запознаваат интересни луѓе во петок и сабота. Од вас ќе зависи дали сакате нешто посериозно или не. Можни се болки во 'рбетот и долниот дел на грбот. Облечете се потопло!

ЛАВ

Работа, работа и само работа! Оваа недела е за подеми и падови. Ќе можете да донесувате важни одлуки, паметно да ги избирате вашите контакти. Во љубовта можни се помалку промени. Не дозволувате никој да ви се меша во работата, па дури ни на партнерот. Обидете се да не претерувате со зборовите. Слободните Лавови уживаат во вниманието каде и да се појават. Внимавајте на дишните патишта, сезона е на настинки.

ДЕВИЦА

На почетокот на неделата се буди вашата лидерска страна. Ќе сакате сè да се заврши на работа. Ова може да им пречи на некои луѓе, пазете се од озборувања и бидете директни. На полето на љубовта сè оди по свое. Слободните Девици го добиваат она што го сакаат, додека зафатените уживаат во близина на саканата личност. Можно е некакво изненадување или кратко патување кон крајот на неделата.

ВАГА

Неделниот хороскоп ве советува сè што можете да направите денес да не оставате за утре. Избегнувајте озборувања, особено на работа. Можни се дискусии дома и ситни трошоци, но на крајот на неделата ве очекува прилив на пари. Партнерот ве обвинува што не внимавате на ситниците, а слободните Ваги веќе во петок ќе имаат нова љубовна можност.

СКОРПИЈА

Вашата интуиција доаѓа до израз во средината на неделата. Немојте да имате премногу симпатии на работа. Обидете се да се фокусирате на работата и избегнувајте да изразувате лични и приватни ставови. Слободните Скорпии размислуваат за љубовната понуда што им се нуди. Водете се од вашата интуиција. Зафатените решаваат проблеми со партнерот. Не ги игнорирајте симптомите кои периодично се појавуваат!

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела ве мачат работи од минатото. Не дозволувајте мислите да ви „заглават“ таму, туку фокусирајте се на сегашноста. Имате толку многу потенцијал и не е лош период да го преточите во заработка. Ако размислувате да започнете приватен бизнис, сега е време. Во љубовта сè е исто како порано. Време е да го промените секојдневието и да го освежите односот со партнерот со нови работи.

ЈАРЕЦ

Веќе на почетокот на неделата очекувајте отворање на нови деловни можности, особено ако сте личност со повеќе таленти. Искористете ја секоја можност што ви стои на располагање, но обидете се да не претерувате со обврските. На крајот на неделата очекувајте покана за излегување. Зошто да не? Зафатените Јарци успешно ги решаваат споровите со партнерите. Проверете го вашиот крвен притисок!

ВОДОЛИЈА

На почетокот на неделата подгответе се за неправда. Ќе се обидете да го истуркате своето до крај. Малку го запоставивте семејството, наскоро доаѓа важен датум за вас. Потрудете се да поминете повеќе време со нив, некое изненадување е секогаш корисно. Слободните Водолии се подготвени да влезат во нова врска, зафатените се загрижени за актуелната врска. Време е за разговор! Во средината на неделата можни се стомачни проблеми.

РИБИ

Неделниот хороскоп ви порачува да вложите повеќе труд на работа сега, за подоцна да не таложите обврски и дополнителни задачи. Избегнувајте да бидете „помеѓу два огна“ во друштвото, на крајот ќе изгледате виновни. Љубовта си тече како и обично. Слободните Риби уживаат со симпатијата, зафатените со партнерот. Внесувајте повеќе витамини!

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе