Неколку причини зошто домот да го украсите со красула

Не само што красулата е на изглед убаво собно растение, туку за неа велат и дека привлекува среќа, пари и успеси на полето на финансиите.

Красулата е собна билка чие латинско име е Crassula ovata. Многу е едноставна за одржување.

Се состои од дебелкасти гранчиња што потсетуваат на мали стебленца, и од меснасти овални листови. Токму поради фактот што е симбол на среќа, е одличен избор за поклон.

Родот Crassula има повеќе видови билки, кои малку се разликуваат меѓу себе. Најпопуларен вид е Crassula ovata, чија боја на листови исто така може да варира.

Доколку чувате мачка или куче, красулата треба да ја ставите на место недостапно за нив бидејќи сите делови на ова растение се токсични за домашните животни. Не паничете, красулата не пушта токсини во воздухот, туку токсична е ако се консумира, а мачка или куче можат од љубопитност да стават лист в уста.

Треба редовно да се полева, но притоа и да се води сметка да не ѝ дојде пречесто. Земјата не смее целосно да се исуши, па така, најдобро е да ја полевате кога со прст ќе осетите дека горниот слој е сув.

Претераното полевање може да биде кобно за оваа билка. За време на пролетта и летото се препорачува почесто полевање за земјата да биде цело време влажна, додека зиме се препорачува да се полева еднаш месечно.

реклама

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе