Немало набавки во четири очи, туку набавки без оглас поради итноста, тврди Филипче

Скопје, 14 јули 2021 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче, во врска со наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија, денеска изјави дека не се работи за набавка во четири очи, туку дека станува збор за набавки за коишто немало оглас, бидејќи било кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали.

– Ги прочитав вчера насловите во медиумите и тоа е процес којшто се одвиваше изминативе, мислам, повеќе од три месеци, пред месец – месец и пол имавме официјална презентација и тоа не се набавки во четири очи. Тоа се набавки во коишто нема оглас заради тоа што е кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. И ние за сите тие објавени неколку постапки и сите се јавно објавени и документите и на сајтовите на Министерството, сме праќале понуди на повеќе од 100 компании коишто може да дадат таква понуда и се избирале тие коишто имале најниска цена. Не постои друг механизам нешто да се набави за ултракратко време, а да ве потсетам дека тогаш стануваше збор за заштитни маски, лична заштитна опрема за здравствените работници, коишто тогаш беа потребни и истиот ден, да не речам ултрабрзо и ултраитно и нема друга законска можност, изјави Филипче.

Појаснувајќи ја постапката, тој потенцираше дека тоа се законските можности согласно итноста, а „итноста е утврдена врз основа на тоа што е потребно за да функционираат здравствените установи“.

– Ние имавме среќа да ја почнеме кризата со една голема донација на маски одобрена од претходната година, па само дополнувавме. Меѓутоа, сите здравствени установи го правеа тоа, не само Министерството, сите јавно здравствени установи, сите болници, заради тоа што тоа е единствениот механизам и не е тоа договор во четири очи. Не. Тоа е понуда која што се праќа на десетици понудувачи коишто може да ја донесат таа опрема или материјал со цел да биде најбрзо достапна, а секако итноста ја утврдуваме и ние како Министерство и секоја јавно здравствена установа поединечно, рече министерот за здравство.

Во однос на другата забелешка, а тоа е распределбата, тој рече дека станува збор за материјалите коишто сме ги примиле како донација.

– Има документација врз основа на што ние сме ја распределиле – од првиот дониран материјал до сега последниот којшто се уште стига врз основа на барањата на јавно здравствените установи и се останато е во магацинот на Министерството за здравство и го чуваме, не дај Боже, ако се соочиме со дополнителен бран. На место е забелешката на Заводот за ревизија и не е прва, смета Филипче.

Во таа итност нема друг механизам, вели тој, а сега системски работиме тоа да го подобриме согласно препораките на ДЗР и тоа што е побарано и врз основа на бројот на пациентите што ги третира едноставно им се даде на располагање.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе