Неочекувано откритие: Оловен саркофаг ископан под Нотр Дам

Археолозите открија оловен саркофаг и насликани фрагменти од преградата што го дели олтарот од црковниот наос под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам, а откритието нуди нов увид во историјата на градбата која моментално се реконструира по катастрофалниот пожар во 2019 година.

Во Нотр Дам, катедрала од 12 век, во тек е ископување како превентивна мерка, пред да се постават скелиња потребни за обновување на дрвениот свод на покривот висок 100 метри.

„Во трансептот на катедралата, кај делот што го одвојува светилиштето од остатокот од црквата, откриени се фрагменти со извонреден научен квалитет“, рече француската министерка за култура Розлин Башло, додавајќи дека ископувањата се продолжени до 25 март.

URL

Местото на ископување лежи под камен слој од 18 век, но некои пониски нивоа датираат од 14, а некои дури и од почетокот на 13 век, соопшти Министерството за култура.

„Успеавме да ‘турнеме’ мала камера внатре, која откри остатоци од ткаенина, органска материја како коса и остатоци од растенија“, изјави Кристоф Беснје од Францускиот национален археолошки институт. „Фактот што остатоци од растенијата сè уште се таму укажува дека содржината е многу добро сочувана.“

Remote video URL

Археолозите веруваат дека оловниот саркофаг веројатно припаѓал на некој висок достоинственик и претпоставуваат дека би можел да потекнува од 14 век, што, доколку се потврди, би го направило откритието спектакуларно.

Ископувањата открија и јама веднаш под денешното ниво на подот на катедралата, која веројатно била ископана околу 1230 година, кога се градела катедралата Нотр Дам, еден од најстарите примероци на француската готика.

Remote video URL

Други делови од градбата, уништени во почетокот на 18 век, биле откриени за време на реставрацијата на Нотр Дам во средината на 19 век и веќе се изложени во музејот Лувр.

Пожарот што ја зафати речиси целата Нотр Дам во 2019 година ја шокираше Франција и светот. Расплаканите парижани и зачудените туристи потоа со неверување гледаа како пожарот ги зафати кулите на една од најпознатите цркви во светот.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе