Нетанјаху: Конфликтот со Хамас во Газа сѐ уште не е завршен

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска нагласи дека не планира да попушти во нападите против Хамас во Газа, по силното бомбардирање насочено кон исламистите во палестинската енклава.

– Тие го нападнаа нашиот главен град, истрелаа ракети кон нашите градови. Тие плаќаат и ќе плаќаат скапо за тоа, изјави тој по безбедносните консултации во воениот штаб во Тел Авив.

– Сѐ уште не е завршен конфликтот, додаде тој.

Шест Палестинци беа убиени денеска на Западниот Брег во неколку судири со израелската армија, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Како што е наведено, петмината биле убиени додека фрлале камења кон израелски војници на повеќе локации, а шестиот при обид да нападне израелски војник со нож.

Палестинците беа убиени во услови на ескалација на судирите меѓу израелската војска и палестински Хамас, кој владее со појасот Газа, и насилствата во израелските градови каде што живее мешано еврејско и арапско население.

Вкупно десет Палестинци на Западниот Брег се убиени од почетокот на конфликтот во понеделникот. На територијата што Израел ја освои во војната во 1967 година, често се одржуваат протести во петок против проширувањето на еврејските населби. Демонстрантите, исто така, ги осудија израелските напади врз појасот Газа овој петок.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека повеќе од 100 Палестинци се ранети на денешните протести. На Западниот Брег живеат околу 450.000 еврејски доселеници и 2,8 милиони Палестинци.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе