Ни Twitter веќе не е она што беше

На почетокот на февруари корисниците ќе можат да објавуваат твитови до 4.000 карактери.

Во твит објавен во неделата, Илон Маск потврди дека една од најпрепознатливите, ако не и најпрепознатливата карактеристика на платформата Twitter радикално ќе се промени на почетокот на февруари.

Една од најголемите промени на оваа социјална мрежа се случи кога Џек Дорси, поранешниот извршен директор, го удвои бројот на знаци кои корисниците можат да ги објават во еден твит - од 140 на 280. Сега, Илон Маск ја зголемува таа граница дури 14 пати, од 280 до 4.000 знаци.

Сепак, иако е најгласна, тоа не е единствената промена што доаѓа на платформата: „Лесното лизгање налево/десно за движење помеѓу препорачаните и следените твитови доаѓа подоцна оваа недела. Една недела подоцна ќе стигне копчето Bookmark во деталите за твитот, а долгите твитови на почетокот на февруари“, напиша новиот сопственик на Twitter.

Секако, како што е вообичаено, многу корисници не се задоволни од оваа промена, а некои дури се заканија дека ќе го „блокираат секој што пишува долги твитови“. За жал, сè уште не е јасно дали оваа промена ќе влијае на сите корисници или можноста за пишување твитови до 4.000 знаци ќе биде исклучиво достапна за оние кои плаќаат за претплатата Twitter Blue.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе