Николоски: Дали Филипче знае дека Пендаровски за него озборува дека е уживател на психотропни супстанции

„Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода“, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци.

„Втората работа е овде во 4 ката мој против кандидат од СДСМ е веројатно најнеуспешниот министер за здравство во историјата на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“, кажа Николоски и додаде:

„Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата“.

Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторска или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?

„Следна работа, со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“, нагласи Николоски и додаде:

„Трета работа, не знам дали Венко Филипче знае но сум сигурен ако ништо друго слушнал Стево Пендаровски важи за најголемиот озборувач кај политичарите, или јас како што го нарекувам алапача број еден во Македонија. Во тие свои озборувања обожава да озборува за најблиските околу него а Венко Филипче е еден од најозборуваните. Па да го прашам Венко Филипче дали слушнал или не дека кога Стево ќе се опушти озборува во круг на блиски новинари и вели дека Венко Филипче бил уживател на психотропни супстанции дали го слушнал или не го слушнал тоа и како е можно да еден за друг зборуваат такви работи зад грб а излезат пред народот и бараат гласови. Толку за Стево Пендаровски за неговиот морал и за неговиот образ, следното е ваше да излезете масовно на 24 април и на 8 мај и да му помогнеме да се исели од државата“, истакна Николоски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе