Николоски: Пендаровски е човек кој нема допир со сопствената држава и народ

„Македонија во моментов има претседател на држава на заминување кој веројатно е најодродениот претседател кој државава го видела. Човек кој нема допир нити со сопствената држава, нити со сопствениот народ. Мислам мапата да ја извадиме и да му речеме Стево Пендаровски ако погодиш кај е Беровци имаш втор мандат, без избори ќе остане и втор мандат, но нема поим кај сте и што сте нити знае дека воопшто постоите, тоа е тажната вистина за Стево Пендаровски“, истакна носителот на ИЕ 4 Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ од прилепското населено место Беровци.

Николоски додаде дека најдобриот начин да се стави крај на оваа работа е масовна излезност и на 24 април и на 8 мај.

„Клучна е масовна референдумска излезност затоа што никој не прашува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашањето е како и со колку ќе победи. Никој не прашува дали Гордана Силјановска Давкова ќе победи, туку прашањето е со колку ќе победи“, кажа Николоски.

Николоски истакна дека има бројни т.н сценаристи кои размислуваат на разни сценарија.

„Една од главните сценарија им е да го бојкотираат вториот круг на избори со цел изборите да не успееле. Најдобар начин да се спротивставиме на таа работа е масовна излезност на 24 април, шест цифрена разлика над 100,000 гласа разлика гласа за Гордана Силјановска Давкова како би можеле да ги демотивираме сите овие кои размислуваат на оваа опција и затоа е битно да се мобилизираме сите и да излеземе на гласање“, истакна Николоски.

Тој посочи дека Стево Пендаровски е обожувач сам себе да се претставува и портретира како чесен, скромен и без скандали.

Втората работа која сакам да ја кажам за Стево Пендаровски е дека обожува себеси да се претставува и да се портретитира како чесен, скромен, човек без скандали. Обично тоа се работите кои други треба да ги кажуваат за вас ама кај Стево самиот ги кажува за себе па можете да видите дека држи говори и прави промо видеа каде вели јас сум чесен човек, немам ниедна афера, ниеден криминал“, вели Николоски.

Николоски продолжи и на Пендаровски му упати три прашања.

„Трите прашања кои ги поставувам се следниве. Прво ако е толку чесен зошто го потпиша законот за измени на кривичниот законик со кои се направи амнестија на криминалците? Второто прашање каков е тој чесен претседател кој збор не кажал за ниедна крими афера која се случува во државата? за ниедна крими афера во Македонија која ја обзнанувала ВМРО-ДПМНЕ збор нема кажано, а нема кажано и третата работа каков е тој чесен претседател кој дозволува кампањата да му биде финансирана од крадени ваши пари главно преку тендери од РЕК Битола кој е на 50км воздушно од овдека од вас? Ова се трите прашања кои ги поставувам на секој јавен собир, еве ги поставувам и му правам шанса на Стево Пендаровски да одговори на истите доколку е така чесен како што тврди, но очигледно не е“, запраша Николоски.

Николоски во однос на парламентарните избори за неговиот против кандидат во 4 ИЕ истакна дека тој е еден повратник во политиката, човек за кој тој лично очекувал дека ќе гледа да се скрие и да го заборави јавноста и никогаш повеќе да не се потсети на она што го правеше, но наместо тоа реши да се врати во политиката.

„Колку што знам ни тој овдека во Беровци не дошол, веројатно нема ни да дојде затоа што пиар агенцијата „Рејтинг“ која му ја води кампањата не знаат дека воопшто Беровци постои, води кампања како да е во Скопје, веројатно Беровци најмногу на Буњаковец го асоцира така што место во Беровци можно е во Буњаковец да го пуштат“, кажа Николоски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе