Нинџа: На протестите имав задача да го следам Јовче Ременски

Од 65 дена цели 55 дена бев на протестите. На протестите беше и Јовче Ременски, а од страна на Владимир Атанасовски ми беше задача да го следам него, да видам дали снима и што прави. Исто така беа следени и Зоран Заев, Оливер Спасовски, изјави сведокот Александар Василевски - Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.

Василевски, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, на денешното судење како сведок, рече дека бил следен и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, на кој од страна на специјален тим од УБК во неговиот дом му биле ставени камери.

– На 27 април околу 17:30 Спиро Ристовски ми се јави и ме праша како е состојбата. Се вратив во Дион и околу 18:03 со Веле Петрушевски, се упативме во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски остана во бифе. Јас се качив на 8 кат. Таму имаше една сала за состаноци, каде  ги видов Митко Чавков, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Билјана Бришкоска. Чавков ме  гледаше како да ме праша што барам тука, а јас го чекав Сашо Мијалков, но тој не беше таму. Од таму беа дадени сите наредби за 27 април, изјави Василевски.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, сведочеше Василевски, некаде околу 18:30 влезе Владимир Атанасовски.

– Од штабот тргнав некаде 19.05. Владимир Атанасовски облечен во тренерки ми даде насоки  да известам. Пешки со Веле Петрушевски пред триумфална капија ги видов многу припадници од прикриен тим. Горан Грујоски имаше прикриен тим од 25 до 30 лица, ми се закануваа да не се предадам дека ќе завршам како Коста Крпач, изјави Нинџа.

Спиро Ристовски, рече Василевски, заедно со Кирил Божиновски на 27 април ги мобилизира  сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се упатат кон Скопје.

– Мартин Лазаров, син на Душко Лазаров од УБК, околу 23:00 ме зема и ме прати во една од  базите на УБК. Таму беа Сашо Марковски и Никола Бошковски. Имаа хард дискови. Владимир Атанасовски даде наредба да се уништат. Сашо Марковски со преса ги уништи хард дисковите, рече Василевски.

По наредба на директорот на УБК Владимир Атанасовски, Василевски рече дека, остварил контакт со Јане Ченто.

– Тие лично беа поддржувани од Владимир Атанасовски. Потоа остварив средба со Игор Југ, во Куманово, таму беше и Јане Ченто. Со мене беше и еден прикриен агент. Патриотските здруженија беа искористени од Владимир Атанасовски, сега тие лежат затвор, изјави Василевски.

На 3-4 мај, рече Нинџа, дека во штабот на ВМРО-ДПМНЕ го сретнал јавниот обвинител Марко Зврлевски.

– Нека знае јавноста дека Марко Зврлевски, Гордана Гешкоска, Златко Бишовски беа подобни на службата. Билјана Бришкоска од 8 кат разговараше со Трајко Вељаноски, рече Василевски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе