Нобелова награда за физика за откритија во областа на квантната механика

Нобеловата награда за физика често зазема централно место меѓу наградите, бидејќи се доделува на откритија кои го преобликувале начинот на кој го гледаме светот, а досега им била доделена на многу познати научници како Алберт Ајнштајн, Макс Планк и Пјер и Марија Кири.

Научниците Ален Аспект, Џон Клаузер и Антон Цајлингер ја добија Нобеловата награда за физика за 2022 година за нивниот пробив во квантната механика за однесувањето на субатомските честички, отворајќи ја вратата за работа на суперкомпјутери и во областа на шифрирана комуникација.

Кралската шведска академија на науките соопшти дека тројцата лауреати, францускиот научник Аспект, американскиот научник Клаузер и австрискиот научник Цајлингер, овозможиле продолжување на основните истражувања и го отвориле патот за нова практична технологија.

URL

„Сега имаме големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедна квантно шифрирана комуникација“, се вели во соопштението.

Наградата, стара повеќе од еден век и вредна 10 милиони шведски круни, ја доделува Кралската шведска академија на науките.

Нобеловата награда за физика е втора што ја доделува Академијата оваа недела, откако шведскиот генетичар Сванте Паабо во понеделникот ја доби наградата за физиологија или медицина.

Следат и соопштенијата за Нобеловите награди за хемија, литература, мир и економија.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе