Нобеловата награда за литература ја доби норвешкиот писател Јон Фосе

Норвешкиот писател Јон Фосе е добитник на Нобеловата награда за литература, објави во четвртокот Шведската академија.

Наградата за литература е една од петте награди утврдени со тестаментот на Алфред Нобел од 1895 година, се доделува од 1901 година и се смета за една од најважните и најпрестижните награди за книжевно творештво.

Во образложението се вели дека норвешкиот писател Јон Фосе е награден со Нобеловата награда „за иновативните драми и проза што му даваат глас на неискажливото“.

Фосе бил информиран дека ја добил наградата и им рекол на членовите на Академијата дека е „преплавен од емоции и малку исплашен“.

URL

Јон Фосе е роден во Хаугесунд во 1959 година и денес е најпознатиот норвешки драматург по Хенрик Ибзен. Напишал повеќе од четириесет драми кои се преведени на педесет јазици.

Фосе е роден 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, а во неговото детство преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела.

Неговиот дебитантски роман „Црвено, црно“, објавен 1983 година, е напишан на ниноршки, еден од двата официјални јазични дијалекта на норвешкиот јазик. Ова претставува значајно дело поради неговата бунтовност и емотивна суровост, која ја обработува темата на самоубиство, која на повеќе начини се преплетува и во неговите подоцнежни дела.

Покрај признанието, Фосе ќе добие и парична награда од 11 милиони шведски круни (нешто помалку од милион евра) од наградниот фонд на Нобеловата награда.

Фосе се сметаше за аутсајдер во годинешната трка за Нобеловата награда – според шансите во обложувалниците фаворити беа кинескиот писател Кан Сју и јапонскиот писател Харуки Мураками.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе