Нова криза на Куба: Нема млеко, се кубури со гориво и лекови

Куба во понеделникот потврди дека побарала помош од Светската програма за храна (WFP) поради недостигот на млеко во прав за деца, што е уште еден знак за тешката економска ситуација на комунистичкиот карипски остров.

Во февруари, Куба за прв пат призна дека се бори да обезбеди резерви на млеко. Домашното производство речиси пропадна, а освен млеко, снемува и залихите на гориво и лекови.

Деценискиот систем на субвенции воспоставен од покојниот лидер Фидел Кастро пропаѓа, а Куба се обрати до агенцијата на ОН за помош.

„Куба побара помош од WFP за купување млеко во прав за да се гарантира снабдувањето со млеко на кубанските девојчиња и момчиња“, објави државниот медиум CubaDebate.

Како резултат на тоа, брод со 375 тони млеко во прав кој отплови од Бразил наскоро ќе пристигне на Куба.

Земјата се соочува и со недостиг на пченица, а владата мораше да ги намали субвенциите за леб.

Млеко во прав и други основни производи им се обезбедуваат на Кубанците по субвенционирани цени преку рационализирање, но одложувањата и недостигот се вообичаени, особено во време на економски тешкотии.

Куба ги обвинува своите економски проблеми на пандемијата „Ковид-19“ и заострените американски санкции под Доналд Трамп.

Куба, сепак, купи уште 500 тони млеко од САД и покрај санкциите благодарение на ослободувањето што дозволува продажба на земјоделски производи.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе