Нови 180 случаи со COVID-19, починати 13, оздравени 206 пациенти

Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) – Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи со COVID-19.

Новите случаи, по градови се во: Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се шест пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Куманово – 14, Тетово – 8, Велес – 7, Гостивар – 5, Кичево – 4, Струмица, Штип и Битола – по 3, Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија – по 2, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш – по 1.

Направени се 1.814 тест преку: ИЈЗ-390, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-218, Биотек-228, Клиника „Жан Митрев“-129, Систина-203, лабораторија Лаор–250, МАНУ-71, ЦЈЗ Битола-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Синлаб-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 187.

Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на COVID-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови

Скопје 42.389, активни 2.893

Куманово 5.363, активни 236

Тетово 5.271, активни 225

Прилеп 4.833, активни 312

Гостивар 3.703, активни 121

Штип 3.565, активни 79

Битола 3.317, активни 134

Велес 3.288, активни 244

Охрид 3.041, активни 398

Кавадарци 2.947, активни 431

Струмица 2.624, активни 155

Струга 2.319, активни 172

Кочани 1.771, активни 51

Кичево 1.748, активни 71

Свети Николе 1.099, активни 27

Гевгелија 1.074, активни 103

Неготино 1.041, активни 88

Дебар 777, активни 45

Ресен 777, активни 67

Крива Паланка 759, активни 43

Радовиш 739, активни 47

Делчево 698, активни 211

Берово 624, активни 37

Пробиштип 521, активни 20

Виница 504, активни 23

Валандово 338, активни 14

Демир Хисар 256, активни 11

Македонски Брод 250, активни 11

Кратово 252, активни 26

Богданци 233, активни 11

Крушево 234, активни 43

Демир Капија 227, активни 40

Македонска Каменица 192, активни 4

Пехчево 183, активни 4

Дојран 95, активни 14.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе