Нови 442 случаи со COVID-19, пет починати и 373 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи со COVID-19, пет починати и 373 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје има 168, Битола 41, Прилеп 31, Кавадарци 24, Охрид 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани по 13, Делчево 11, Ресен и Валандово по 10, Демир Хисар 9, Неготино и Берово по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7, Тетово 3, Македонска Каменица 2 и Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево по 1.

Од петте починати две лица се од Скопје (57г, 78г) и по едно од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Од 373 оздравени пациенти од Скопје се 165, Прилеп 36, Битола 27, Крива Паланка 15, Куманово 14, Кочани 13, Охрид 11, Кавадарци и Кратово по 9, Струмица и Неготино по 8, Демир Хисар 7, Штип, Ресен и Кичево по 6, Гевгелија 5, Велес, Берово и Радовиш по 4, Тетово, Струга и Пробиштип по 3, Виница 2 и Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија по 1.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од „Мој Термин“ се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрираните починати лица се од Охрид, Делчево, Македонска Каменица, Тетово и Кочани. Починатите лица се на возраст од 65 до 86 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а четири во болнички услови.

Направени се 2.939 тестови преку: ИЈЗ-338, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-57, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-151, Биотек-125, Систина-40, лабораторија Лаор-115, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–51, Генеа-7, Никоб лаб-261, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–2 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.173.

Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на COVID-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а на активни случаи изнесува 8.339.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе