Нови 613 случаи и 25 починати од COVID-19

Од вкупно 1.837 направени тестови во последните 24 часа, во државата се регистрирани нови 613 случаи позитивни на COVID-19, информираат од Министерството за здравство. Од таму  додават дека во Институтот за јавно здравје се регистрирани 688 пациенти, односно 25 пациент починале.

Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38,  Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19. По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.

Главниот град е и со  најголем број на оздравени - 251. Во Куманово таа бројка изнесува 38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45,  Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.

– Од починатите лица осум пациенти се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 31.757, активни 11.369

Куманово 4.268, активни 658

Дебар 562, активни 165

Штип 3.065, активни 466

Прилеп 3.669, активни 944

Тетово 4.394, активни 984

Струга 1.781, активни 458

Велес 2.446, активни 689

Битола 2.654, активни 889

Охрид 2.044, активни 620

Кавадарци 1.697, активни 637

Гостивар 3.078, активни 834

Гевгелија 945, активни 298 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)

Струмица 2.005, активни 576

Крива Паланка 526, активни 128

Радовиш 520, активни 133

Крушево 151, активни 73

Кочани 1.427, активни 260

Пробиштип 405, активни 68

Демир Хисар 218, активни 48

Македонски Брод 198, активни 36

Пехчево 120, активни 23

Берово 453, активни 105

Валандово 254, активни 59

Виница 418, активни 124

Делчево 602, активни 291 (170 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 172, активни 27

Свети Николе 980, активни 210

Кичево 1.448, активни 374

Ресен 563, активни 186

Неготино 818, активни 371 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32,  Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158,  Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на COVID-19.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе