Нови авиолинии од Македонија: Ќе се лета до 4 држави, на 5 дестинации

Од Македонија ќе се лета на пет нови локациии. Два авио-превозници, односно Lufthansa од Германија и Wizz Air од Унгарија воведуваат нови авио-линии по поддршката која ја добија од Македонија. Линиите се до Германија, Луксембург, Австрија и Словенија.

„Обезбедивме нови дестинации за нашите граѓани. Lufthansa ќе лета од Скопје до Франкфурт и тоа 10 пати неделно. Оваа линија се обраќа од 23 април годинава. Сметаме дека е од големо значење за државата, но и граѓаните, оти аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со меѓународни дестинации. Wizz Air ги достави следните дестинации Скопје-Штутгард, Скопје-Луксембург, Скопје-Салцбург, Скопје-Љубљана за која имаше огромен интерес од граѓаните и бизнис заедницата. Кон овие дестинации планирани се три летови во неделата. Планирано е воведување на овие линии од 1 ноември оваа година. Во однос на субвенциите, финансиската поддршка е за три години“, рече министерот Благој Бочварски

Вкупната поддршка за авиокомпаниите е 5 милиони евра за три години, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

„Германска авио компанија Lufthansa и унгарската Wizz Air се пријавија и се склучени договори. Финансиската поддршка е за три години, а изнесува 5 милиони евра за трите години. Тие ќе летаат неколкупати дневно. Преку Франкфурт, нашите граѓани ќе се поврзат со 200 локации“, кажа Ковачевски.

Во овој момент има 48 локации до каде може да се лета од Македонија. 41 се од скопскиот аеродром и 7 од аеродромот во Охрид.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе