Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав.
Зад неа е Коалицијата на ДУИ со освоени 19 пратенички мандати.
СДСМ на овие избори освои 18 мандати.
Коалицијата Вреди има 13 мандати во Собранието, а по шест мандати имаат „Левица“ и партијата ЗНАМ.
По овие резултати на ДИК, измени од синоќешната објава има кај коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ која изгуби еден мандат и ЗНАМ кои имаат еден мандат повеќе.