Новинарка во Турција уапсена бидејќи го навредила Ердоган на Twitter

МИА/КАЈГАНА
/ 23.01.2022 / 08:51

Турски суд вчера ѝ одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабас, додека го чека судењето за обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската CNN.

Полицијата ја привела Кабас два часа по полноќ и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во градската судница, каде судот нареди нејзино официјално апсење.

Наводната навреда се однесува на коментар во врска со кабинетот на претседателот, кој Кабас го дала на антирежимскиот телевизиски канал и на нејзиниот Twitter профил, за што таа беше осудена од некои владини претставници.

URL

„Честа на претседателскиот кабинет е чест на нашата земја. Ги осудувам вулгарните навреди насочени кон нашиот претседател и неговиот кабинет“, напиша на Twitter Фахретин Алтун, директорот за комуникации на турската Влада.

Мердан Јанардаг, главниот уредник на каналот Теле 1, на кој Кабас го коментираше кабинетот на претседателот, остро го осуди нејзиното апсење.

„Нејзиното апсење во текот на ноќта поради коментари, во два часот по полноќ, е неприфатливо“, напиша тој на Twitter, додавајќи дека тоа е „обид да се заплашат новинарите, медиумите и општеството“.

Турскиот закон за навреда на претседателот предвидува затворска казна од една до четири години.

Во октомври минатата година, Европскиот суд за човекови права ја повика Турција да го промени законот, откако одлучи дека притворањето на луѓето според законот ќе ја наруши слободата на изразување.  

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Свет

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Read more

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Read more

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Read more

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Read more
 

Вести

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Читај повеќе

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Читај повеќе