Новиот евтин смартфон на Motorola ќе има камера од 64 MP

Motorоla се подготвува за претставување на новиот член на G9 семејството на евтини смартфони.

По само неколку недели откако е претставен Moto G9 Play, Moto G9 Plus се појави на веб-сајтот Orange во Словачка.

Според податоците, смартфонот ќе чини 255 евра и ќе има 4 задни камери вклучувајќи ја и главната од 64 MP, а ќе го напојува батерија од 5.000 mAh.

Уредите од серијата G како што се G Stylus и G Power имаат одлични спецификации. Камерите се одлични со оглед на ниската цена, батеријата исто така.

Moto G9 Plus ќе има 6,81-инчен екран со резолуција од 1.080п, 4 GB RAM, 128 GB интерна меморија, а ќе користи Android 10. Не е позната резолуцијата на останатите три задни камери.

Moto G9 Play е малку поевтин од моделот G9 Plus бидејќи во Европа чини 169,99 евра. Има помал екран од 6,5-инчи со резолуција од 1.080п, три задни камери вклучувајќи ја главната од 48 MP со Snapdragon 662 процесор. Се очекува дека G9 Plus ќе има Snapdragon 730 процесор.

Засега не е познато кога ќе започне продажбата на Moto G9 Plus.  

Тагови
реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе