Новиот газда на Њукасл тргнува и по Интер

Фондот за јавни инвестиции (PIF) од Саудиска Арабија ќе го преземе фудбалскиот клуб Интер, пренесуваат американските финансиски медиуми.

Арапите за дел од акциите на „Нераѕурите“ ќе платат дури милијарда долари. Ова нема да биде прва фудбалска инвестиција на овој фонд, бидејќи тој го купи англискиот клуб Њукасл во октомври годинава за 300 милиони евра.

Интер има огромни финансиски проблеми, поточно кинеската компанија Sunning која од 2016 година контролира 70% од менаџерските права на миланскиот клуб.

Во претходната сезона 2020/21, во која беше освоено Скудетото, беше остварена загуба од дури 320 милиони, а моментално клубот секој месец бележи загуба од 15 милиони долари.

Но, тоа не се одрази премногу на резултатите, бидејќи Интер е лидер во Серија А, а пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите е остварен.

Со промената на сопственоста, Интер ќе стане најбогатиот клуб во светот пред Њукасл, а Саудиска Арабија ќе стане поважна во светот на фудбалот пред Катар, чие кралско семејство ги купи ПСЖ, како и од Обединетите Арапски Емирати, чиј шеик е сопственик на Манчестер Сити.

За богатите сопственици од Блискиот Исток, бизнисот во светот на фудбалот стана прашање на престиж, за да бидат културно поврзани со Европејците, барем на некој начин. Разни деловни советници ги советуваат да инвестираат во фудбалот, за луѓето од елитните европски кругови да ги препознаат како сопственици на престижни клубови, а не некои проблематични ликови, како сопственикот на Њукасл и принцот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман, кого го обвинуваат на бројни прекршувања на човековите права и убивање на новинари.

Засега во италијанскиоте медиуми нема ништо за оваа информација од преку Барата. Corriere dello Sport дури и пишува дека Suning излегол од криза, цитурајчи го првиот човек на кинескиот колос, Чан Џиндон, и татко на претседателт ан интер, Стивен Чан, кој вели: „Долговите се надминати, се стабилизиравме благодарение на владата“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе