Новиот специјален смартфон на Oppo е инспириран од Марс и вселената

Кинеското вселенско летало Tianwen-1 успешно слета на Марс, а за да го одбележи овој историски настан, кинескиот производител на паметни телефони Oppo претстави специјален мобилен телефон.

Ова е специјално издание на моделот Find X3 Pro, под име Find X3 Pro Mars Exploration Edition. Моделот доаѓа со футрола во нова сива нијанса, што претставува петти избор во палетата со претходните сина, бела, сјајна црна и нијансата Cosmic Mocha.

Новата сива нијанса е инспирирана од вселената, а задниот панел е изработен од AG Glass и има метален сјај за да се постигне текстурата на материјал од вселената. На задниот панел се врежани натписите Mars 2021 и Utopia Planitia, што е името на местото за слетување на вселенското летало Tianwen-1 на Црвената планета.

Find X3 Pro Mars Exploration Edition исто така доаѓа со три Mars филтри во боја кои прават фотографиите направени на Земјата да изгледаат како фотографии направени на Марс.

Специјалната верзија на паметниот телефон има и посебна Марс тема, а динамичните позадини покажуваат изгрејсонце и зајдисонце, промени на светлината и сенката на Црвената планета во четири различни времиња, наутро, напладне, навечер и ноќе.

Паметниот телефон се продава во специјален пакет, а за разлика од стандардната верзија, овој се продава само во една конфигурација, односно со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.

Другите спецификации не се променети, уредот се напојува со процесор Snapdragon 888 на Qualcomm, има 6,7-инчен QHD + LTPO AMOLED екран со брзина на освежување од 120Hz, користи оперативен систем Android 11 и се напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува 65W жично и 30W безжично полнење.

 

 

Паметниот телефон доби вкупно пет камери, предната е селфи камера од 32 MP поставена во перфориран исечок на екранот, додека задната страна е главна камера од 50, ултра широк 50, телефото од 13 и микроскоп од 3 MP.

Уредот чини 895 евра.

Тагови
реклама

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе