Новиот трејлер за „Jonathan“ раскажува научно-фантастична приказна за шизофренијата
Пристигна првиот трејлер за новиот филм „Jonathan“, кој ни носи возбудлива приказна за шизофренијата и борбата со неа, во еден модерен свет во кој скоро и да не постои проблем кој науката не може да го реши.
Во главната улога се појавува Ансел Елгорт, кој се прослави со улогата во филмот „Baby Driver“, а во останатите улоги се сретнуваат актерите Патриша Кларксон, Суки Вотерстон, Мет Бомер и Даглас Хаг. Режисер на филмот е Бил Оливер.
„Jonathan“ пристигнува низ кината на 16 ноември.