Новогодишна трпеза: Што треба, а што не треба да содржи?

Новата година е веќе на прагот, па редно време е да размислите што ќе има на вашата празнична трпеза доколку сте се решиле да ја дочекате во вашиот допол дом.

Целта на поставувањето на богата новогодишна трпеза не е само да нѐ најаде, туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано бидејќи со себе носи одредена симболика на среќа, напредок и благосостојба.

Покрај веќе традиционалната руска салата, свое место на трпезата треба да најдат и свинско печено месо, салата од зелка, како и торта, а на трпезата место треба да се најде и за риба и грозје. Еве и зошто:

Грозје

Грозјето е пред сѐ симбол на здравје и сила, па затоа се препорачува да изедете точно 12 зрна грозје после полноќ, по едно за секој месец, за да бидете здрави секој месец во наредната година.

Риба

Бидејќи Божикните пости траат и за новогодишната ноќ, рибата треба да биде на вашата трпеза. Освен тоа, симболизира непречено движење, движење без пречки, па навестува лесна година во која сите важи работи глатко ќе „пливаат“.

Свинско месо

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Салата од зелка

Поради својата зелена боја ја симболизира хармонијата на природата и среќата, како и долговечноста.

Торта

Поради самата структура, која содржи многу шеќер, тортата е симбол на сладост. Погрижете се вашата торта да биде што е можно побогата со состојки за да има што повеќе сладост во наредната година.

Заборавете на пилешко

Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од пердувести животни, бидејќи тие имаат крилја, па ја симболизираат среќата што си заминува.

Тагови
реклама

Рецепти

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе