NYT: Северен поток бил саботиран од проукраинска група

Нови разузнавачки информации што биле прегледани од американски официјални лица сугерираат дека минатогодишниот напад на гасоводот Северен поток го извршила проукраинска група, пренесе денеска весникот The New York Times.

Нема докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленскиј или највисоките украински функционери биле вклучени во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на некој украински владин функционер, пишува весникот повикувајќи се на американски официјални претставници.

Британските медиуми не можат независно да го потврдат извештајот, а американските разузнавачи не можеа да се контактираат. Претставници на Киев и Москва, исто така, останаа недостапни за коментар.

Нападите на гасоводот во септември 2022 година САД и НАТО ги нарекоа „акт на саботажа“, а Москва го обвини Западот и го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да спроведе независна истрага.

Разузнавачкиот извештај сугерира дека оние што го извршиле нападот се противат на рускиот претседател Владимир Путин „но не прецизира кои се членовите на групата, ниту кој го наредил нападот или кој платил за операцијата“, пишува весникот NYT.

„Американските функционери одбија да ја откријат природата на разузнавачките податоци, како се добиени или какви се деталите за силата на доказите што ги содржат. Тие изјавија дека нема цврсти заклучоци за тоа“, пишува весникот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе