Обесштетени 3/4 од штедачите во Еуростандард банка, исплатени 3 милијарди денари

Обесштетувањето на шедачите од Еуростандард банка се одвива одлично и без поголеми пречки, а досега се обесштетени 72 отсто или 3 милијарди денари, информираат од Фондот за осигурување на депозити.

– По двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите. До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување, стои во соопштението.

Според Фондот, ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу три четвртини од средствата на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Оттаму истакнуваат дека обесштетувањето на наследниците според наследни решенија, исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.

Обесштетувањето на лицата кои имаат депозити до 30 илјади евра во Еуростандард банка почна на 15 септември, а исплатата се врши преку Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк. Депонентите имаат на располагање 36 месеци за да го остварат правото на обесштетуввање. Обесштетувањето на осигурениот износ на депонентите на Еуростандард банка се врши до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.

Еуростандард банка престана да работи откако Народната банка ѝ ја одзеде дозволата на 12 август 2020 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе