Објавена програмата за 57. МТФ Војдан Чернодрински

Девет претстави се во официјалната селекција за награди на на 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни, најави Ана Стојаноска, директорка и селектор на фестивалот.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Враќање дома“, а ќе  биде отворен со претставата „Инферно“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, која е селектирана во официјалната програма. Српско народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

Годинашни добитници на наградата за животно дело на фестивалот се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Стојаноска вели дека глобалната слика на денешната театарска практика покажува дека не постои сериозна репертоарна политика, ниту концепт во кој се развива една театарска институција, истакна во своето образложение на програмата.

Стојаноска исто така ја најави програмата „Автор во фокус“, што прв пат се воведува на фестивалот. Годинава тоа ќе биде Коле Чашуле (1921-2009), драмски автор, писател, есеист, општествен деец.

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

„Чудна случка со кучето во ноќта“ – од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје, премиера: 29.12.2021г.

„Нема струја за електричниот стол“ – од Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски, продукција на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, премиера: 08.04.2023г.

„Мистерија Буфо“ – според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, премиера: 16.11.2022г.

„Мy name is Medeјa“ – според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, продукција на Народен театар – Битола, премиера: 27.09.2022г.

„Балкон“ – од Жан Жене, во режија на Арбен Кумбаро, Продукција на Албански театар, Скопје , премиера: 21.04.2022г.

„Несфатената цивилизација“ – од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид, премиера: 10.04.2023г.

„Роња, ќерката на ограбувачот“ – од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје, премиера: 23.12.2022г.

„Женска гардероба“ – од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје, премиера: 26.10.2022г.

„Циркус Пирандело“ – според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица, премиера: 20.10.2022г.

„Човек перница“ – од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, продукција на Турски театар – Скопје, премиерна обнова: 15.02.2023г.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе