Објект, наводно од вселената, паднал врз семејна куќа во американската сојузна држава Флорида, пробивајќи го покривот и дури два ката.
Во март, астрономот Џонатан МекДауел објави фотографии од објект за кој се верува дека потекнува од Меѓународната вселенска станица, кој повторно влегол во атмосферата на Земјата. Наводно, станува збор за батерискиот дел од опремата EP-9, кој бил исфрлен од МВС и влегол во атмосферата над Мексиканскиот Залив, односно помеѓу Канкун и Куба. Неколку минути подоцна требало да стигне до Форт Мајерс, но завршил во Нејплс, Флорида, околу 65 километри подалеку.
Алехандро Отеро, жител на погодената куќа, искомуницира со МекДауел на Х и сподели фотографии од штетата на неговиот дом, како и фотографии од вселенски отпад.
„Изгледа дека едно од оние парчиња што го промашија Форт Мајерс слета на мојата куќа во Нејплс“, напиша Отеро, додавајќи дека предметот го пробил покривот и два ката од неговата куќа и за малку ќе го погодел неговиот син.
Отеро тврди дека контактирал со американската вселенска агенција НАСА, чии претставници го презеле објектот и имаат намера да направат анализа во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида за да го утврдат неговото потекло.
Сопственикот на оштетената куќа во моментот на инцидентот бил на годишен одмор, но во куќата бил неговиот сим и му се јавил да го извести за настанатата штета. За среќа во инцидентот нема повредени.