Обвинителката побара осудителна пресуда за случајот со убиството на Тот

„Фактот дека оштетениот паднал на асфалтот и бил удиран од страна на обвинетите, додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривичното дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица“, посочи обвинителката Тања Трајчевска во завршните зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје

Според обвинителката, оштетениот бил доведен во нерамноправна позиција, бидејќи, како што рече, бил нападнат од тројца кои што му задале удари по виталните делови од телото, во пределот на главата, каде што подоцна се констатирнаи животозагрозувачки повреди.

Таа посочи дека од доказната постапка произлезе дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од судот да пресуди по однос на истите, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежнувачки околности.

Полномошникот на законскиот застапник се приклучи на завршниот збор на обвинителката и предјави оштетно побарување за Игор Тот, Татјана Тот и Борис Тот, за сите соодветно, во износ од 9 милиони денари.

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Судењето продолжи со завршни зборови на одбраната. 

Тагови
реклама

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе