Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на COVID-19, Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на COVID-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација.

Ова е причината и за одложување на денешното рочиште за случајот „Монструм“, каде Фетаи и Бубевски се застапници на обвинението.

Бубевски нема симптоми и се чувствува добрo, но се тестирал бидејќи е во постојан контакт со повеќе луѓе, додека Фетаи, ќе биде 14 дена во самоизолација поради контакти со Бубевски, со кого присуствувала заедно на неколку судења во последните неколку недели.

Денешното рочиште за случајот „Монструм“ беше одложено за 26 август годинава, поради најавено отсуство на надлежниот јавен обвинител, информираа претходно од Основниот кривичен суд.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Предметот „Монструм“ се однеусва за петкратното убиство на 12 април 2012 година на Смилковското Езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, а случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more
 

Вести

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе