Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за Дерек Шовин

Обвинителството на американската сојузна држава Минесота побара 30-годишна затворска казна за поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој на судењето во април беше осуден за убиството на Џорџ Флојд во мај 2020 година.

Адвокатите на Шовин побараа условна казна, покрај времето што тој веќе го помина во притвор.

Полицаецот Шовин, кој повеќе од девет минути клечел врз вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на судењето во Минеаполис поротата го прогласи за виновен по сите три точки од обвинението- убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Судијата Питер Кејхил оцени дека во случајот со убиството на Флојд постоеле „отежнувачки околности“, што му дава можност на Шовин да му изрече построга казна од таа што државата ја препорачува.

Обвинителството во својот поднесок, меѓутоа, наведува дека 30 години ќе бидат „посоодветна казна заради длабокото влијание што го имале постапките на обвинетиот врз жртвата, семејството на жртвата и заедницата“.

Максималната казна за најсериозната точка во обвинението против Шовин, убиство од втор степен, е 40 години.

Изрекувањето на казната за Шовин е закажано за 25 јуни. 

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Свет

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Read more

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Read more

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Read more

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Read more
 

Вести

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Читај повеќе

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Читај повеќе

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе