Од 12 монархии во Европа, Обединето Кралство е единствено што одржува церемонија на крунисување

Милиони луѓе во светот го гледаа крунисувањето на Чарлс III, новиот британски крал, и неговата сопруга Камила.

Последен пат британски монарх беше крунисан во 1953 година. Тоа беше Елизабета II, најдолговечната британска кралица, која беше на тронот повеќе од 70 години.

70 години по крунисувањето на Елизабета II, која седна на тронот на 25-годишна возраст, Британците го крунисаа Чарлс III, кој годинава ќе го прослави својот 75-ти роденден. Неговото крунисување, иако медиумски покриено, е далеку поскромно од тоа на Елизабета II.

Крунисување на Елизабета II траеше цели три часа, а во Вестминстерската опатија се собраа 8.000 луѓе. Повеќето од нив беа членови на британското благородништво - војводи, грофови, маркизи, виконти и барони.

Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е последната европска монархија во историјата што ја задржа церемонијата на крунисување. Во другите монархии нема ваква церемонија, туку преносот на круната се одвива на симболично ниво. На пример, кралот на Шпанија се заколнува на верност на круната додека круната стои на олтарот за време на црковна служба. Некои монархии, како што се Холандија и Белгија, никогаш немале церемонија на крунисување.

Вкупно 12 монархии преживеаја во Европа, но само Британците го задржаа крунисувањето. Покрај тоа, церемонијата на крунисување британски монарх е настан што се следи на глобално ниво. Другите земји, кои сè уште имаат монархии, практикуваат свои церемонии.

На континентот има 12 суверени монархии, од кои 10 се наследни, а две, Ватикан и Андора, изборни.

Обединето Кралство, Луксембург, Данска, Норвешка, Линхтенштајн, Шведска, Ватикан (дом на Светата столица, владата на Католичката црква), Шпанија, Андора, Холандија, Белгија и Монако.

Крунисувањата, кои се одржуваат во Вестминстерската опатија од 1066 година, во голема мера се симболична формалност. Тие не го сигнализираат почетокот на владеењето на монархот.

Кога Елизабета II почина на 8 септември 2022 година на 96-годишна возраст, нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, веднаш стана крал на Англија.

„Церемонијата, всушност, го прави видлив и легитимен фактот дека тој е крал“, вели Алис Хант, историчарка од Универзитетот во Саутемптон, Англија.

„Моментот кога претходниот владетел ќе почине и новиот ќе се качи на тронот е како нивна свршувачка со државата, а крунисувањето е свадба што ја зацврстува таа заедница“, вели Џорџ Грос, историчар на Кралскиот колеџ во Лондон и коосновач на British Coronations Project.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе