Од 800 тестирани деца во училиштата само 8 позитивни на коронавирусот

Од 800 тестирани деца во училиштата, само 8 биле позитивни на коронавирусот, информира денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

– Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1.800 или 2.000 испитаници. Интересот беше голем. Околу 5.000 родители доставија согласност за тестирање на нивните деца. Иницијалните информации укажуваат на тоа дека во овој момент од 800 тестирани деца, само 8 биле регистрирани како позитивни, изјави Мехмедовиќ, кој потенцира дека за да се има репрезентативност на податоците треба да заврши скринингот на предвидената бројка, утврдена со методологијата на Комисијата за заразни болести.

Мехмедовиќ нагласи дека оваа недела има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од 6 до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата.

– Зголемувањето на бројките кај деца од 6 до 9 и 10 до 14 години беше аларм за да ги активираме овие секундарни контролни механизми да видиме дали има повисока трансмисија на вирусот во училиштата. Но, како што веќе кажав, има тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, па и во оваа. Малиот број на заразени ученици не мора да се должи само на трансмисијата во училиштата, туку и на актуелниот тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, рече Мехмедовиќ.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе