Oд денеска дистрибуција на вакцините Sinovac во сите центри за имунизација

Епидемиолошката ситуација во државата е стабилна и само мал број пациенти се лекуваат во болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вели, доколку продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почеток на септември годинава да се прогласи крај на епидемијата.

За да се прогласи крај на епидемијата, потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуса од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година.

Од денеска почнува дистрибуција на вакцините на Sinovac во сите центри за имунизација и во центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15 или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација.

Петстоте илјади вакцини на кинескиот производител Sinovac што ги набави Владата пристигнаа во неделата. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава.

За ефикасноста и безбедноста на вакцината Sinovac Филипче порача дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест.

– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран SARS-CoV-2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки, како и кај други возрасни лица, напиша Филипче на Facebook.

Здравствените експерти повикуваат на масовна вакцинација, бидејќи според нив тоа е единствениот начин да се заврши епидемијата.

– Соочувањето со новиот бран на нов сој на делта вирусот ќе направи луѓето да станат посвесни дека масовната вакцинација е единствениот начин да се заврши оваа пандемија, заклучија д-р Драган Даниловски, д-р Александар Петличковски, д-р Александра Грозданова и министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со COVID-19“.

Д-р Драган Даниловски истакна дека индискиот мутант или делта варијанта, која што веќе е присутна во преку 92 земји, веројатно не може да не избегне и нас, но порача дека е потребно да се учи од туѓите и од сопствените искуства од изминатиов период и дека масовната вакцинација е единствениот излез од оваа ситуација.

– Јавното здравје го штитиме со масовна вакцинација во што пократко време, значи нема друга опција освен што помасовно да се опфати населението во што пократко време, односно летово да се опфати што поголем број на граѓани со две дози на вакцини. Делта варијантата е толку продорна, толку е повеќе заразна што е потребно праг на колективниот имунитет меѓу 80-85 отсто вакцинирани за да може да се смета на многу мал ризик за епидемиско ширење, заклучи д-р Даниловски.

На вчерашната трибина беше истакнато и дека не постои вакцина која нема несакани ефекти, односно дека со сите вакцини се поврзуваат некакви несакани ефекти. Но, како што велат експертите кога ќе се разгледаат бројките станува јасно дека се работи за исклучително безбедни вакцини.

Доктор Александар Петличковски вели дека е мал процентот на оние кои ја имале првата алфа варијанта на коронавирусот да се заразат со нова делта варијанта, бидејќи студиите што се достапни покажуваат дека имунитетот стекнат со прележување на болеста или со целосно вакцинирање е прилично ефикасен. Објасни дека ефикасноста се мери на неколку нивоа, првото е инфективноста на делта варијанта кон прележани или имунизирани лица, второ е тешка болест и трето е исход од болеста. Како што вели, за тешките форми на вирусот и хоспитализација е јасно дека имунитетот во голем дел штити од повторна зараза.

Д-р Даниловски напомена дека најважно од сè е што сите вакцини нема да дозволат тешки симптоми и умирање од вирусот.

Во текот на претходното деноноќие, од направени 1.342 тестирања беа регистрирани три нови случаи на COVID-19, сите во Скопје, а оздравеле шест пациенти. Повторно не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе