Од денеска задолжително носење маски на отворено

Нови рекордни 870 случаи на COVID-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Носењето маска на отворено ќе има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Според информациите од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, од кои оздравени се 19.771, починати 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Речиси половина – 48 проценти од сите активни случаи се во Скопје – 3 828, потоа следат Струмица – 458, Тетово – 451, Прилеп – 366, Куманово – 348, Штип – 227, Битола – 219, Велес – 212, Охрид – 200, Кочани – 195, Кавадарци – 177, Гостивар – 165, Кичево – 136, Струга – 98, Гевгелија – 86, Радовиш – 79, Крива Паланка – 71, Свети Николе – 70, Ресен – 59, Виница – 55, Македонска Каменица- 54, Дебар – 53, Богданци и Делчево по 52, Берово – 45, Неготино – 46, Пробиштип – 38, Валандово – 33, Дојран и Демир Капија по 18, Демир Хисар – 15, Кратово – 11, Македонски Брод – 7, Пехчево – 6, Крушево – 3.

Од скопските општини, најмногу активни случаи има во Аеродром – 710, по што следи Карпош – 580, Центар – 535, Гази Баба – 492, Кисела Вода – 467, Ѓорче Петров – 324, Бутел – 186, Чаир – 180, Илинден – 66, Шуто Оризари и Сопиште по 35, Сарај – 29, Петровец –24, Чучер Сандево – 20, Студеничани – 14, Зелениково -10, Арачиново – 8.

Министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени на Законот произлегуваат од се поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки.

„Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очигледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки“, рече Филипче.

Уште нешто што е веќе уредено со Уредба, како што појасни министерот Филипче, е задолжителна самоизолација при тестирање за коронавирусот.

„По закажувањето на тестот или самото тестирање до добивањето на резултатот секако дека самоизолацијата продолжува ако е резултатот позитивен, а предвидена е и забрана за групирање на јавен простор, како и јавни површини во одредени периоди од деноноќието“, рече Филипче.

реклама

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе