Од најмлада милијардерка до измамничка: Елизабет Холмс прогласена за виновна

Најмладата милијардерка која го измами светот е прогласена за виновна. Елизабет Холмс е осудена за измама на инвеститори по повеќемесечно судење во Калифорнија, пренесе BBC.

Обвинителството ја обвини Холмс дека свесно лажела за технологија која наводно може да открие заболување на основа на анализа на неколку капки крв.

Поротата ја прогласи Холмс за виновна по четири точки од обвинувањето, вклучително и за завера со цел да ги измами инвеститорите и по три точки поврзани со измамата. Обвинетата ги негираше обвинувањата за кои е предвидена казна затвор од 20 години.

Таа не е приведена и уште нема датум за изрекување на пресудата, но следното рочиште е закажано за идната недела.

Холмс е обвинета по вкупно 11 точки и прогласена е за невина по 4 точки кои се однесуваат на измама на јавноста. Раздвоената пресуда уследи откако судијата побара поротата да донесе делумна пресуда бидејќи не успеа да се усогласи и постигне консензус по три точки од обвинението.

Корпорацијата теранос во еден момент беше проценета на 9 милијарди долари и компанијата некогаш беше популарна бидејќи најавуваше револуционерен напредок во медицинската индустрија. Ја основа фирмата во 2003 година откако се откажа од студии на Стенфорд на 19-годишна возраст. Врвот го доживеа во 2014 година кога Forbes ја прогласи за најмлада милијардерка во светот.

Сепак, новинарска истрага на Wall Street Journal во 2016 година покажа дека основната технологија на Theranos за тестирање крв не функционира, по што корпорацијата почна да го губи кредибилитетот.

„Елизабет Холмс оди во затвор најмалку неколку години“, изјави за Guardian Дејвид Ринг, адвокат кој внимателно го следи случајот.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе