Од полноќ нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 13.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,158%, кај дизелот има намалување 0,807%, кај екстра-лесното масло намалувањето е 1,158% и кај мазутот намалувањето е 1,035%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,562%.

Од 21.11.2023 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 80,00 (денари/литар)
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 82,00 (денари/литар)
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
  • масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
  • мазут М-1 НС 42,773 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува 0,50 ден/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 ден/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,559 ден/кг и сега ќе изнесува 42,773 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 21.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени, велат од РКЕ.

реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Македонија

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Read more

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Read more

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Read more

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе

Поради Лавров: Украинскиот министер Кулеба не доаѓа на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Читај повеќе