Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Со стартот на новата академска 2023-2024 година во понеделник, студентите кои ги исполниле условите на јавниот повик започнуваат со користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Со зголемен износ од 140 денари, кој ќе се исплаќа на дневна основа, студентите ќе можат да купуваат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Средствата ќе можат да се користат исклучиво преку наменската платежна картичка која ја издава Шпаркасе банка, партнер во спроведувањето на оваа мерка со кого Министерството за образование и наука има склучено нефинансиски договор. Дневниот паричен надомест се користи од понеделник до сабота, а не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

Измените на законското решение кои беа иницирани и направени во текот на месец април, заедно со студентските организации, ги надминуваат сите предизвици кои постоеја во минатото, овозможуваат правична распределба и искористување на средствата за намената за која и всушност државата ги предвидува.

МОН потсетува дека можноста за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои досега поради било какви причини не го оствариле ова право, останува отворена секој нареден месец, од први до седми во месецот, а аплицирањето се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе