Од прво лице: Возење со 303 км/ч во BMW Alpina B5
Новата BMW Alpina B5 стана миленик на вљубениците во автомобили уште во моментот кога излезе од погонот на германската компанијата, а можеме и да видиме зошто. Атрактивен изглед, неверојатна брзина и уникатно возачко искуство – сите овие работи го прават овој автомобил посебен.
Многумина од вас никогаш нема да седнат зад воланот на BMW Alpina B5, а сигурно ќе сакаат да знаат како е да се води еден ваков ѕвер. Можеби ова видео нема да ви понуди идентично искуство како што би имале кога би седнале на возачкото седиште, но барем за момент ќе ви дозволи да ја почувствувате возбудата на еден моќен, незапирлив автомобил кој буквално „лета“ со брзина од 303 км/ч.