Од утре на Пониква почнува сезоната за ноќно скијање

Од утре во зимскиот рекреативен центар Пониква на Осоговските Планини почнува сезоната за ноќно скијање.

Последните врнежи од снег и релативно ниските температури овозможија скијачките патеки да бидат добро подготвени поради што од концесионерот „Еурокомерц“ - Кочани најавуваат продолжување на дневните со ноќни термини за користење на условите што се нудат.

– За ноќното скијање од овој викенд посетителите ќе можат да ја користат патеката број 1, која целосно е осветлена и во функција е ски-лифтот. Таа е погодна за почетници и напредни скијачи, а на посебен дел е обезбеден простор за санкање на најмладите. Дневниот билет чини 700 денари, а дополнително може да се изнајмат скии, санки, штици за бординг, облека и заштитна опрема за скијање. Исто така, стручни лица нудат обуки за скијање за деца и почетници, истакна Благој Манев, управител на „Еурокомерц“.

За уредувањето и подготовката на патеката за скијање е користена машина ратрак, а доколку има потреба во функција можат да се стават и топовите за вештачки снег.

Ноќното скијање ќе биде во периодот од 17 до 21 часот, а во зависност од интересот на посетителите можно е, освен во викендите, тоа да се реализира и во другите денови од неделата.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Read more

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Read more

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе