Одбраната изведува материјални докази за настаните од 27 април во Собранието

Скопје, 21 август 2020 (МИА) – Судот го прифати барањето на одбраната за сослушување на началникот на дигитална форензика во МВР, во врска со изработените вештачења презентирани на претходните рочишта, но не прифати нивно одвојување од листата на докази.

Денешното рочиште на судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, продолжува со изведување на материјални докази од одбраната, а Маријан Стоилковски – началник во МВР за време на изготвување на вештачењата на мобилните телефони ќе биде дополнително повикан и сослушан.

Судијата Илија Трпков, рече дека се прифаќа предлогот Маријан Стоилковски, вработен како началник на дигитална форензика во МВР да биде сослушан како сведок.

– Предлогот да бидат издвоени од листата на докази исказите на тројцата сведоци за вештачењата кои ги изработиле како вработени во МВР се одбива како неоснован. Одбраната може да ги побие и повика свои сведоци кои може да ги побијат ваквите докази, изјави судијата Трпков.

Адвокатот Еленко Миланов, на почетокот на денешното рочиште, побара судот да ги издвои од листата на докази вештачењата претставени на претходните две рочишта, бидејќи како што рече, сите тројца пред судот кажале дека немаат лиценца на вештак.

– Ниту институцијата која овие тројца ја претставуваат нема лиценца за вршење телекомуникациски и дигитални вештачења, изјави Миланов.

Пред да се продолжи со изведување на докази од одбраната, рече Миланов, барам во судот да бидат повикани и сослушани одговорните лица кои ги потпишале и одобриле овие вештачења.

Јавната обвинителка Ивана Трајчевска побара да не биде прифатен предлогот на одбраната, нагласувајќи дека станува збор за докази од кои ќе се утврдат релевантни работи важни за случајот, а кои не се прибрани на незаконит начин.

– За да ги извршат вештачењата лицата требале да имаат познавања и сертификати за работа со одредени софтвери кои се меѓународно признати и кои, овие лица ги поседуваат. Затоа предлагам судот да не го прифати барањето на одбраната, изјави Трајчевска.

Барањето на одбраната за сослушување на одговорните лица од каде се изработени вештачењата, рече Трајчевска, сметам дека е само со цел за одолговлекување на постапката.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе