Одреден куќен притвор за Мијалков, полицијата трага по него

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Од МВР за МИА потврдија дека му е одреден куќен притвор и оти се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.

Обвинителството побарало куќен притвор поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ в петок, а во кој Мијалков е еден од обвинетите. Од Јавното обвинителство за ТВ24 потврдиле дека судот не му одредил притвор, туку поблага мерка куќен притвор.

Но, засега ниту од обвинителството, ниту од судот, нема официјална информација. Велат дека ќе има соопштение во текот на денот.

На веб-страницата на МВР не е објавена потерница по Мијалков, кој, според репортерите на ТВ 21 последен пат бил виден вчера околу 14 часот во барот „Дistrikt“ во хотелот „Мериот“.

Подоцна, во текот на вчерашниот ден бил баран на повеќе адреси во Скопје, но не бил најден.

Обинителството во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за Сашо Мијалков.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе