Официјално: Кристијано Роналдо потпиша за Ал Наср

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и официјално е дел од тимот на Ал Наср.

Роналдо потпиша двегодишен договор со кој ќе заработува над 70 милиони евра по сезона.

Португалецот во пресрет на Светското првенство во Катар и официјално го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, по што беше поврзуван со бројни клубови, но на крајот ниту еден европски гигант не сакаше да го доведе во своите редови.

Роналдо ја започна кариерата во 2002 година кога стана играч на Спортинг, а во 2003 година беше префрлен во Манчестер Јунајтед. Таму се наметна како еден од најдобрите играчи во светот, ја освои Златната топка и го предводеше овој тим до освојување на Премиер лигата и Лигата на шампионите, а во 2009 година се пресели во Реал Мадрид за 94 милиони евра.

За Кралскиот клуб настапуваше до 2018 година и успеа да стане најдобар стрелец во клупската историја, по што кариерата ја продолжи во Јувентус.

URL

Во сезоната 2021/2022 се врати во редовите на Манчестер Јунајтед, но по расправија со клупските челници и тренерот реши да го раскине договорот и да си ја проба среќата во Саудиска Арабија.

Роналдо во кариерата има постигнато вкупно 819 гола и е на првото место на сите времиња, од нив 450 гола за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед, 118 за португалската репрезентација, 101 за Јувентус и пет за Спортинг.

Фудбалерот веста ја потврди и на социјалните мрежи каде истакна дека овој негов потег е повеќе од историски, бидејќи ќе ги инспирира сите млади спортисти да бидат уште поуспешни, односно најдобрата верзија од себеси.

„Ова потпишување не само што ќе го инспирира нашиот клуб да постигне уште поголеми успеси, туку ќе ја инспирира нашата лига, нашата нација и идните генерации, момчиња и девојчиња да бидат најдобрата верзија од себеси“, стои во заедничката објава на Роналдо и Ал Наср на Instagram.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе