Огромен астероид денеска ќе помине многу блиску до Земјата

Астероид доволно голем да уништи град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината, јавува BBC. Но, за среќа, нема да удри во Земјата или Месечината.

Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, а денеска ќе помине на 515.000 километри од Месечината. Неколку часа подоцна, ќе прелета покрај Земјата.

Ретко се случува толку големи астероиди да се приближат толку блиску до некоја планета. Се проценува дека астероидот 2023 DZ2 е со дијаметар од 40 до 90 метри.

НАСА вели дека минувањето на огромен астероид викендот е важна можност за астрономите да го зголемат своето знаење за астероидите во случај да се открие голем објект со потенцијал да удри во Земјата.

„Убиец на градови“

„Нема шанси овој ‘убиец на градови’ да удри во Земјата, но неговиот близок премин нуди одлична можност за набљудување“, изјави Ричард Мојсл, шеф за планетарна одбрана во Европската вселенска агенција, пишува BBC.

Додека поминува на само 68.000 километри од Земјата, астероидот ќе биде видлив низ целиот свет со помош на двогледи и мали телескопи. Преносот во живо ќе биде обезбеден од The Virtual Telescope Project.

Се чини дека објектот ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците дури и тогаш ја отфрлија можноста за закана за планетата.

Remote video URL
Тагови
реклама

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе