ОМО Илинден Пирин: Македонци, не го славете бугарофилот Черноземски

По повод вчерашниот ден 9 октомври, датум на кој Владо Черноземски извршил атентат над југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во Марсеј, се огласи здружението на Македонците од Бугарија, ОМО Илинден Пирин.

„Македонци! Не заборавајте дека бугарофилот Владо 'Шоферот' Черноземски кој денеска го славите, под команда на Ванчо Михајлов во име на БУГАРСКА Македонија, ги убиваше нашите предци низ Пиринско, но и македонските револуционери каков што беше и Димо Хаџи Димов!“, објави здружението кое Бугарија упорно го збаранува и покерај купот пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Време е да се стави крај на вакви подметнувања во македонската историја, кои одат во прилог единствено на бугарската пропаганда!“, се дополнува.

Од ОМО Илинден Пирин се осврнаа и на песната „За кралот Александар“ од Војо Стојаноски во која се пее токму за атентатот на кралот Александар I Караѓорѓевиќ кој се случил на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Тогаш Владо Черноземски, член на ВМРО и Бугарин по потекло, го извршил атентатот при што веднаш и самиот било застрелан од полицијата, а на раните им подлегнал вечерта во болница. ОМО Илинден Пирин вели дека песната воопшто не е народна македонска песна, туку дека била нарачана од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

„И не, песната од Војо Стојаноски не е народна, туку нарачана од неговиот тогашен Претседател на партијата Љубчо Георгиевски, кој после некоја година си призна дека бил неосвестен Бугарин!
Денес, пак, некои ликови се будат и биле 'неосвестени', а се чудите од каде?!? Сѐ почнува од славење на вакви контроверзни личности - слуги на туѓи дворови“.

Remote video URL

Македонската историја се согласува дека Черноземски бил Бугарин. Тој бил роден во селото Каменица во близина на Велинград, град во Бугарија кој е блиску, но надвор од Пиринска Македонија. Бил ангажиран во ВМРО од страна на Тодор Александров за да извршува специјални задачи бидејќи бил одличен стрелец. По смртта на Александров, Черноземски паднал под закрила на Ванчо Михајлов со што почнале низата ликвидации на македонските револуционери.

Здружението потенцира и дека убиството на југословенскиот крал нема никаква врска со македонизмот, туку дека е направено во интерес на Бугарија.

„Југословенскиот крал е убиен за да се замени со бугарскиот крал, а не за да се ослободи Македонија!“, завршува објавата на ОМО Илинден Пирин.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе