Онколог: Ракот на дебелото црево е подмолна болест без специфични симптоми

Се смета дека во развиените земји во текот на животот од рак на дебело црево заболуваат околу 4,6% мажи и 3,2% жени. Во Македонија од рак на дебело црево годишно заболуваат околу 500 луѓе, а умираат околу 380. Во последните 10 години трендот на смртноста во Македонија е во пораст и тоа речиси двојно.

Колоректалниот карцином се јавува во последните 1,8 метри од цревата, познати како дебело црево, и/или во ректумот, каде што завршува дебелото црево и изметот го напушта телото. Поголемиот дел од малигните заболувања кои се јавуваат кај колоректалниот рак се нарекуваат аденокарциноми. Кога лицето развива колоректален аденокарцином, малигните клетки на ракот растат во внатрешноста на дебелото црево и/или ректумот. Големи кластери на овие клетки формираат структури познати како тумори.

Причини и ризик фактори

Точната причина за колоректален карцином не е позната. Сепак, постојат голем број на познати фактори на ризик кои ги зголемуваат шансите за развој на болеста. Тие вклучуваат:

Семејна историја. Индивидуи кои имаат еден или повеќе блиски роднини, кои биле дијагностицирани со колоректален карцином може да се изложени на зголемен ризик за оваа болест. Во 2003 година, истражувањата покажале дека околу 5% од пациентите со колоректален карцином ги наследиле синдромите.

Историја на болест на цревата и/или полипи на дебелото црево. Одредени видови на полипи на дебелото црево, кои се слични на тумор, бенигни израстоци на ткивото во рамките на дебелото црево, може да претставуваат рано предупредување или предвесник на колоректален карцином. Тие може да се развијат во малигноми подоцна во животот. Болестите на дебелото црево кои предизвикуваат воспаление и иритација на цревата, како што е Кроновата болест и воспалителната болест на цревата, исто така може да го зголемат ризикот на поединецот за развивање на колоректален малигнитет.

Дебелина. Дебелите поединци, особено оние со тип на тело во облик на јаболко (каде што е концентрирано масното ткиво околу половината), спротивно на крушовидно тело (каде се складираат маснотиите на колковите и бутовите), се со зголемен ризик за колоректален карцином. Масната исхрана исто така ја зголемува шансата на поединецот за развој на колоректален карцином.

Возраст. Поединци над 50-годишна возраст се со зголемен ризик за колоректален карцином.

Седентарен начин на живот. Умерено вежбање се смета дека има превентивен ефект против ракот, особено за лицата кои имаат седечка работа или начин на живот.

Ноќна работа. Студија од 2003 година покажа дека работата во ноќна смена, всушност може да го зголеми ризикот од колоректален рак кај жените. Изложеноста на светлина навечер го потиснува природното производство на мелатонин во телото, хормон кој помага да се спречи размножувањето на некои видови рак на цревата.

Онкологот проф. д-р Владимир Ковчин во емисијата Dan uživo рече дека пациентите најчесто доаѓаат доцна, кога сите симптоми што ги имаат покажуваат дека туморот е секако присутен.

Оваа бројка покажува дека ракот на дебелото црево е честа болест, но д-р Ковчин вели дека тоа е случај низ цела Европа и дека е еден од најчестите карциноми и кај жените, и кај мажите.

„Интересно е што оваа болест е повеќе поврзана со развиените земји. Во сиромашните земји во Африка фреквенцијата е многу помала, а тоа може да се објасни со различните диети во оние земји каде што има многу помалку месо, а повеќе житарки, зеленчук и овошје“, вели докторот.

Тој исто така посочува дека е важно болеста да се открие во рана фаза за да може да се излечи.

„Многу е важно во која фаза ќе се открие болеста, бидејќи доколку се открие во најрана фаза веројатно 90 отсто од нив би биле излечени. За жал, нашите пациенти доаѓаат доцна, кога сите симптоми што ги имаат покажуваат дека туморот е секако присутен“, вели д-р Ковчин.

Симптоми

Најчести симптоми на колоректалниот карцином се:

– крв на ректумот или во столицата

– чувство на фекална итност (чувство како да се има постојано движење на дебелото црево)

– болки во стомакот и/или желудникот

– промени во навиките на дебелото црево, вклучувајќи запек, дијареа и / или столици тенки како молив

– екстремен умор

– намален апетит.

Болеста е подмолна, а симптомите се неспецифични

Овој тип, како и другите видови на рак, е многу подмолно заболување и дава неспецифични симптоми, може да има симптоми слични на, на пример, труење, вели докторот и додава дека симптомите зависат од тоа во кој дел од дебелото црево се наоѓа туморот.

„Колку подалеку од завршниот дел на дебелото црево, толку помалку симптоми можеме да препознаеме. Колку е поблиску до крајот на дебелото црево, има проблем со празнење на дебелото црево, има болки и крв во столицата“, објасни докторот и додаде дека може да дојде до анемија која се манифестира со слабост, замор и малаксаност, а пациентот генерално се чувствува лошо.

Според докторот, се препорачува првата колоноскопија да се направи по 50-тата година од животот, а претходно да се тестира за окултно крварење, односно скриена крв во столицата, бидејќи тоа е еден од симптомите кои го придружуваат ракот на дебелото црево и не може да се препознае.

Терапија

Лекарот верува дека хируршката интервенција е секогаш најдобрата форма на лекување, бидејќи физички ја елиминира болеста.

„Колку порано се открие туморот, толку е полесна хируршката интервенција. Помали се шансите да се засегнати околните лимфни жлезди, а помали се шансите да се развијат метастази во далечните органи, пред сѐ во црниот дроб, белите дробови или регионалните лимфни јазли“, вели д-р Ковчин.

Важноста на програмата за скрининг

Добар пример е Франција. „Франција прави скрининг со испраќање тестови за окултно крвавење на домашна адреса, а пациентот сам ја прави анализата и ако резултатот е позитивен се јавува кај својот лекар и оди на колоноскопија“, вели докторот.

Скринингот е всушност процедура во која се набљудува целата популација со посебен фокус на ризичните групи, лицата кои имаат семејна историја на овој тип на рак, имаат полипи или други видови на рак кои може да се наследни.

„Кај 10 до 12 проценти од случаите болеста е наследна, сѐ друго нема врска со наследството“, вели д-р Ковчин.

Докторот нагласува дека колоноскопијата по 50-та година и тестот за окултно крварење е нешто што е многу важно, бидејќи така би се откриле голем број тумори уште во зачетокот, дури и во преканцерозна состојба. Тој додава дека во оваа фаза не би била потребна хируршка интервенција бидејќи полипите се отстрануваат на пример со радиофреквентна аблација и со тоа се завршува терапијата.

Превенција

Превенцијата е можна кога е позната причината за болеста. Сè што може да биде фактор на ризик едноставно се елиминира, вели докторот и додава дека не се знае точната причина за овој вид на рак, што ја отежнува превенцијата.

Постојат препораки кои, пред сè, се однесуваат на животните навики и исхраната. „Земјите кои не користат толку месо имаат помала инциденца на рак на дебелото црево. Колку што е можно повеќе консумирајте растителна храна и сурово овошје и зеленчук, а она што е исто така многу важно, а тоа е физичката активност“, рече тој.

Докторот го истакна и она што е помалку познато, а тоа е дека пушењето е еден од ризик факторите за развој на рак на дебелото црево.

Современи терапии

Кога зборуваме за современи терапии, докторот вели дека мислиме главно на имунотерапија и биолошка терапија, која не е класична хемотерапија или употреба на цитостатици.

„Тоа е група на лекови што ја замени класичната хемотерапија и цитостатиците кај многу болести“, рече тој.

„Лековите се скапи, но и тие не можат да гарантираат излекување. Од друга страна, не секој пациент е кандидат за биолошка терапија, бидејќи кај ракот на дебелото црево е многу важно да се открие дали има мутации. Доколку има мутации на одредени гени, некои од овие лекови не треба да се користат, бидејќи исходот од третманот може да биде полош“, објасни докторот.

Овие биолошки лекови даваат подобри резултати во комбинација со хемотерапија за метастатски болести, рече д-р Ковчин, додавајќи дека не се користат по операција и радикална операција за спречување на метастази или за спречување на релапс.

За превенција и рано откривање на рак на дебелото црево, продолжете да читате ОВДЕ.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Здравје

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Read more

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Read more

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Read more

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Read more
 

Магазин

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе