Онлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Скопје, 18 март 2021 (МИА) – Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, со почеток во 12 часот на платформата Зум.

Настанот се одржува како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

На тркалезната маса ќе се обратат Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во  Северна Македонија, Анета Дучевска, декан на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Андреј Александрович Липгарт, декан на филолошкиот факултет  на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносо. Модератор на настанот е проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева, директор на Рускиот центар.

Во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса е замислена како уште еден начин да се осветли личноста и делото на Блаже Конески, овојпат низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски на која ќе се дискутира на следниве теми и тоа на руски и на македонски (како работни јазици):  Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век.

За руските мотиви и влијанието на руските поети во творештвото на Конески ќе зборуваат  Ала Шешкен и   Елена Верижникова од Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За патувањата на Конески во Русија и за неговото значење и улога во развојот и афирмацијата на македонистичките студии во Москва ќе се осврнат Димитар Пандев и Максим Каранфиловски од  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека Весна Мојсова-Чепишевска од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе зборува за развивањето на културната соработка меѓу Северна Македонија и Русија, за улогата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и Рускиот центар како продолжувачи на плодната и успешна соработка меѓу овие две земји.

Македонистиката и славистиката на универзитетите во Русија е во фокусот на интересот во излагањата на Елена Иванова и Зоја Шанова од Филолошки факултет при Санктпетербуршкиот државен универзитет и на Ирина Аржанова од Воронешкиот универзитет.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе