Орбан го блокираше влезот на Шведска во НАТО, сега премиерот повикува на преговори

Макфакс
/ 23.01.2024 / 11:03

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО алијансата, закочена од Унгарија и Турција.

„Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием на Шведска во НАТО“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, Шведска и Финска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за членство во Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Во меѓувреме, Финска стана членка, но Шведска беше запрена на својот пат од Унгарија и Турција.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му приговара на Стокхолм за наводно заштита на групи кои Анкара ги смета за терористички, а Орбан тврди дека нема безбедносна закана за Шведска, која „неразумно ги обвинува“ унгарските власти за поткопување на демократијата.

Шведска не презема никакви чекори за зајакнување на довербата, рече Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на брифинг минатата недела.

Унгарскиот парламент, кој моментално е на зимски распуст, ќе продолжи со работа во средината на февруари.

Турскиот парламент во вторник треба да расправа за барањето на Шведска за членство во НАТО, изјави во понеделник парламентарен извор.

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент го одобри барањето на Шведска минатиот месец, што е прв чекор во процесот на ратификација.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе