Орбан сега се заканува дека ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген поради рускиот гас

Макфакс
/ 17.12.2023 / 09:06

Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во шенген зоната сѐ додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти синоќа унгарското Министерство за надворешни работи.

Унгарија, предводена од премиерот Виктор Орбан, јасно ѝ стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење, доколку остане во сила данокот на главната рута за увоз на гас во Унгарија, се вели во соопштението на Министерството, цитирајќи го унгарското Министерство за надворешни работи.

„Јасно им ставивме до знаење на Бугарите дека ако нивната одлука опстојува, односно ако долго време ја загрозуваат безбедноста на унгарското енергетско снабдување, ќе ставиме вето на нивниот влез во шенген“, рече министерот Петер Сијарто.

Западноевропските земји вложија големи напори да се осамостојат од рускиот гас, а Унгарија, земја без море, годишно купува 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, според договорот потпишан во 2021 година.

Бугарија и Романија, кои се приклучија на ЕУ во 2007 година, сепак не успеаја да се приклучат на шенген зоната и покрај нивните напори.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе