Орка китови напаѓаат едрилици, дали е тоа само игра?

Истражувачите се обидуваат да откријат зошто групи орки постојано ги оштетуваат пловилата во Гибралтарскиот Проток – понекогаш дури и ги потопуваат. Многумина веруваат дека таквото однесување не е агресија, туку тинејџерски лудории.

„Отпрвин тоа беше само една орка која скокна од водата и се нурна меѓу двата трупа на 14-метарската едрилица. Ни изгледаше како извидник“, рече Ејми, една од четиричлената посада на едрилицата што минувала низ Гибралтарскиот Проток на пат кон Грција.

„Неколку минути подоцна, китот се врати – со неколку други. Пет или шест од нив почнаа да удираат во трупот на едрилицата“, вели Ејми. „Не се исплашив“, додаде таа.

Ејми не била свесна за фактот дека има неколку стотици слични инциденти во истата област – некои резултираа со бродоломи. Сепак, досега нема повредени луѓе.

Од јули 2020 година, морнарите во Гибралтарскиот Проток и долж атлантскиот брег на Иберија пријавија напади на орки на нивните пловила, однесување кое, дотогаш, беше невообичаено и ретко.

Орките, наречени и китови-убијци, припаѓаат на семејството на делфини. Тие живеат колку луѓето и одржуваат блиски социјални контакти со своите семејства. Без разлика дали во ледените води на Антарктикот или тропските предели, во крајбрежните води или на отворено море, различни субпопулации на орки постојат речиси насекаде.

Истражувачите откриле дека секоја популација развила свои преференци за храна, јазици и однесувања. Досега, само популацијата орка иберика (Orca Iberica) развила склоност кон удирање чамци.

По 20 минути, групата китови си заминала. Но, во тие 20 минути, екипажот доживеал емотивен тобоган: фасцинација од изгледот на животните и чистата моќ измешани со возбуда и загриженост поради ризикот едрилицата да потоне.

„Никогаш не почувствував дека напаѓаат. Изгледаше како меѓугенерациска игра“, рече Ејми.

Биологот Моника Виланд Шилдс вели дека толкувањето на Ејми е веројатно најверојатното објаснување за тоа што се случувало тој ден на едрилицата.

„Ако навистина нападнат конкретно, штетата би била многу поголема“, вели бихејвиоралниот научник и директор на Институтот за однесување „Орка“, научна организација која го истражува однесувањето на две популации на орки во близина на брегот на американската држава Вашингтон.

Истражувачите велат дека орките ги напаѓаат едрилиците од забава, а не од агресија.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе