Орка за две минути уби голема бела ајкула долга 2,5 метри

Двата кита-убијци талкаат по јужноафриканскиот брег и ловат во парови од најмалку 2017 година, главно јадејќи го црниот дроб богат со хранливи материи, додека остатокот го фрлаат. Меѓутоа, сега е снимена сцена без преседан.

Научниците биле сведоци на моменти кога машката орка, позната како Starboard, сама фатила и убила млада бела ајкула долга 2,5 метри за само 2,5 минути. Притоа ги покажала одличните предаторски способности на китот убиец.

Сепак, не е изненадување што орките, кои се интелигентни и социјални животни, сами ловат голем плен, но ова е првпат на ваков настан да учествува еден од најголемите предатори во светот, големата бела ајкула.

Случаи на орки кои заедно соработуваат за да ловат и убиваат ајкули биле снимени во минатото, а за тоа сведочи видео од 2022 година, на кое се гледаат две орки како ловат ајкула. За време на ловот, ајкулите се обиделе да кружат околу китовите во очајнички обид да избегнат смрт.

Remote video URL

Случајот во кој една орка нападнала ајкула се случил минатата година.

Се поставува прашањето како тоа што орките се хранат со ајкули ќе влијае на овој дел од океанот, односно на нивната популација. Научниците не знаат што го предизвикува ваквото однесување на орките, но станува очигледно дека човековата активност, климатските промени и индустрискиот риболов вршат значителен притисок врз океаните. Може да има и последици за орките, вклучително и ингестија на токсини и метали од месото од ајкула.

„Нарушувањата во рамнотежата на предаторите на врвот на ланецот може да влијаат и на другите видови. Загрозените африкански пингвини би можеле да се соочат со зголемена закана од крзнените фоки доколку не ги изедат белите ајкули“, изјави експертот за морски животни, д-р Лук Рендел.

Додаде дека не постои начин да се утврди дали ваквото однесување е ново или само за прв пат е снимено. Сепак, тој истакнува дека видеото покажува колку орките се всушност вешти ловци.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе